Шпанскиот тренер Андони Ираола официјално стана менаџер на Ливерпул. Со денови се шпекулираше за ова, поточно откако Арне Слот беше отпуштен, а сега е јасно дека Ираола доби одлична шанса во еден од најголемите клубови во светот.
Ираола имаше успех работејќи во Борнмут, во текот на вториот дел од штотуку завршената сезона во Премиер лигата, тимот помина 18 натпревари без пораз и го зазеде шестото место на табелата, што им обезбеди место во Лигата на Европа.
Борнмут ја заврши сезоната со три бода зад Ливерпул.
Во текот на својата кариера, овој 43-годишен тренер ги водеше АЕК од Ларнака, Мирандес и Рајо Ваљекано.
„Навистина сум возбуден, бидејќи ова е огромен клуб, еден од најголемите во светот. Секогаш мислев дека е посебен клуб. Ливерпул е Ливерпул“, изјави Ираола за веб-страницата на клубот и додаде:
„Навивачите, клубот, можноста да тренирате играчи од највисоко ниво, можноста да се борите за титули. Не мислам дека може да има нешто попривлечно од ова. Тешко е да се опише. Навистина сум возбуден што ја започнувам оваа работа“, рече Шпанецот.










