Холандија прв тежок испит за одбојкарите во новата Европска лига

57

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија, вечерва од 19 часот во спортската сала „Парк“ во Струмица, стартуваат со настапите во новото издание на Европската лига 2026. Избраниците на селекторот Миленкоски пред себе за прв ривал ја имаат селекцијата на Холандија, која на овој меч влегува од позиција на фаворит.

Нашите одбојкари ослабени со неиграњето на повредениот Љафтов, ќе се обидат да го изненадат европскиот великан, кој е еден од главните фаворити за највисок пласман во натпреварувањето. Годинава Европската лига ќе биде и квалификациска фаза за пласман на Европското првенство 2028 година, што им дава посебна тежина на сите натпревари.

Македонија е домаќин на првиот турнир овој викенд, во кој покрај денешниот дуел не очекува и меч со Луксембург во недела. Одбојкарите посакаат вечерва да имаат голема поддршка од трибините, за да добијат шанса да се надеваат на стартно изненадување.

Во финалниот избор од 14 одбојкари за вечерашниот натпревар, селекторот Миленкоски се одлучи за следните имиња:

Судии на вечерашниот дуел ќе бидат Милонакис од Грција и Акбулут од Турција.

ПретходноЈован Трајков – тренерот со четири „титули“ во 10 дена!
СледноГого Славески убедливо славеше против Тељо за осма победа во БКФЦ (ВИДЕО)