На барање на навивачите, Вардар 1961 го продолжи рокот за продажба на сезонските билети за натпреварите за уште четири дена, истиот завршува на 26 септември 2021 година.
„На барање на повеќемина навивачи кои побараа повторно да можат да купат сезонски билети за сите натпревари на Вардар им излегуваме во пресрет и истото ќе може да го сторат и следните денови. Потоа ќе продолжи повторно продажбата на поединечни билети за следните два домашни натпревари во ЕХФ лигата на шампионите“, велат од Вардар.
Продажбата на билетите ќе се врши он-лајн, а цената се движи од 2,150 денарио до 3,050 денари.
За натпреварите на домашен терен, салата во СЦ „Јане Сандански” ќе може да биде исполнет со максимално 30 отсто од капацитетот.
Повеќе информации за распоредот на натпревари можете да најдете на официјалната страница на Вардар.