Возачот на Ферари, Шарл Леклер денеска го имаше најбрзото време на круг на првиот тренинг на трката од Формула 1 шампионатот која што овојпат се одржува во Монте Карло.
Тој имаше време од 1:13.978 што беше најдобро во споредба со останатата конкуренција.
На втората позиција се пласираше неговиот тимски колега, Луис Хамилтон кој што заостана за само 0,226 делови од секундата.
Макс Верстапен заврши како трет со 0,513 заостанување.










