Шок на Ролан Гарос: Најголемата сензација се предаде без борба

315
Фото: Ролан Гарос Х

Второто полуфинале од машкиот дел на турнирот Ролан Гарос нема да се игра. Италијанецот Матео Арналди му го предаде мечот на својот сонародник Флавио Коболи само дваесет минути пред да излезат на теренот Филип-Шатрие. Арналди мораше да се откаже од своето прво полуфинале на Гренд слем поради болест, а десеттиот носител Коболи стигна до финалето без борба.

Според соопштението на организаторите на турнирот, 25-годишниот Арналди, кој како 104-ти играч во светот постигна сензационален успех со пласманот во полуфиналето, се разболе од вирус и не можеше да игра.

„Имав треска и во текот на денот. Не можам да се движам, не можам да јадам, не можам да пијам. Немаше начин да играм. Жал ми е за сите навивачи“, рече Италијанецот.

Коболи ќе се соочи со вториот носител, Германецот Александар Зверев, во финалето во недела.

Последниот пат кога ваква ситуација се случи на Гренд слем турнирот беше во 2022 година, кога Рафаел Надал му го предаде полуфиналниот натпревар на Вимблдон на Ник Кирјос. Австралијанецот потоа стигна до своето прво и досега единствено финале на Гренд слем, во кое загуби од Новак Ѓоковиќ во четири сета. Организаторите на турнирот потврдија дека на гледачите кои купиле билети за откажаниот натпревар ќе им бидат вратени парите.

ПретходноМрме Ангеловски со супер – деби!
СледноБабачев го објави списокот, сениорите во Охрид ќе темпираат форма за Плоцк