ФИФА рече “ДА“ : Македонија со Ракип Ердал против Лихтенштајн и Германија!

5197

Тоа што очекувавме и се случи. ФИФА даде дозвола или виза Ракип Ердал, играчот за врска на Малме дека може да игра за А- репрезентацијата на Македонија. Тоа значи дека Ердал ќе може да игра за нашата селекција во октомврискиот циклус против Лихтенштајн и Германија. Тој веќе има наш пасош, се чекаше само на “виза“ на УЕФА за да може да настапува за Македонија. Секако дека ова ќе биде големо засилување за нашиот тим, за селекторот Благоја Милевски ако се знае дека и натаму имаме големи, големи проблеми со повредите на Енис Барди и Аријан Адеми.

Да потсетиме дека пред извесно време, токму за Спортмедиа, Ердал изјави дека сака да игра за Македонија, за репрезентацијата на државата од каде што тој потекнува.

Инаку Ракип Ердал е роден на 13 февруари 1996 година во Малме, додека неговите потекнуваат од околината на Ресен.

Има 17 настапи за У-21 селекцијата на Шведска, сега игра со Малме во Лигата на Шампионите. Потекнува од школата на Малме, а бил член и на екипите на Бенфика и Кристал Палас.

ПретходноХамес во договорот со Ал-Рајан има посебна клаузула наречена “Меси“!
СледноИ дресот на Македонија на “Ванда Метрополитано“ во Мадрид!