Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед и на нагликата фудбалска репрезентација, Гари Невил, верува дека Франција ќе го освои Светското првенство.
„Мислам дека Франција ќе победи. Мислам дека имаат комбинација од играчи кои имаат физичка сила, менталитет и технички вештини за да ја контролираат топката и да ја задржат. Но, тие исто така имаат способност за брз напад и контранапад. Мислам дека тие се најприлагодливиот тим. Затоа мислам дека Франција ќе го освои овој турнир“, вели Невил.
За Англија и шансите на Островјаните вели:
„Секогаш сум оптимист кога станува збор за Англија. Јас сум оној кој секогаш вели дека можеме да победиме. Овој тим, овој состав, овие играчи покажаа како никој друг колку блиску можат да дојдат до освојување на Светското првенство и Европското првенство, но нешто ми кажува дека овој пат можеби ќе ни биде доста тешко“, дополнил Невил.










