Феенорд му врачил отказ на Ван Перси

98

Холандиските „Де Телеграф“ и „Фудбал Интернационал“ објавија дека Робин ван Перси е отпуштен од тренерската позиција во Феенорд.

Деви Риго, кој беше претставен како нов технички директор во Феенорд кон крајот на мај, не даде никакви гаранции за иднината на тренерот ван Перси, а објаснувањето за ова сега е откриено.

Според неколку големи холандски медиуми, Робин ван Перси е отпуштен. Феенорд сè уште не ја потврдил, ниту ја негирал веста.

Клубот од Ротердам заврши на второто место во Ередивизие, обезбедувајќи место во Лигата на шампионите, но се чини дека ова не беше доволно за ван Перси да ја задржи својата работа како главен тренер.

ПретходноСпоред првите неофицијални резултати: Перез останува претседател на Реал (М)
СледноАлжир не чекаше да заврши СП: Петковиќ со нов селекторски договор до 2028