Кузмановски со прв пораз со Кувајт Спорт Клуб, Брестовац со второ реми

169

Интересно е за нас во Азискиот шампионат, посебно ако се знае дека и нашиот репрезентативен капитен Филип Кузмановски е дел од составот на Кувајт Спорт Клуб. Па така по двете победи на тимот на македонскиот ракометар, против Ал Наџма и Ал Араби, денеска во меч од третото коло, Кузмановски и неговиот состав го претрпеа и првиот пораз и тоа од Ал Калеј, од Саудиска Арабија, со 34:31.

Македонецот беше добро затворен од противничкиот тим, но сепак на овој меч запиша три гола.

Второ реми за тимот на нашиот тренер Данило Брестовац, Ал Араби од Катар. Составот на некогашниот наш селектор ремизираше против Бурган од Кувајт, со 25:25.

ПретходноИконата се враќа: Федерер ќе игра на УС Опен!(ФОТО)
СледноШкендија ги почна подготовките без шеф на стручниот штаб!