Турција и С. Арабија добија „вајлд-карти“ за СП, Македонија утре ќе ги дознае ривалите

191

Светската ракометна федерација (ИХФ) им ги додели двете достапни вајлд-карти за Светското првенство за мажи во 2027 година на Турција и Саудиска Арабија, со што се комплетира составот од 32 селекици кои ќе се појават на првенството. Оваа одлука на ИХФ е изненадувачка, ако се знае дека во конкуренција беа и Унгарија, Швајцарија, Австрија… кои многумина ги видоа како сигурни добитници на овие „лаки-лузер“ места.

Со потврдениот конечен состав во среда, 10 јуни, во 18:00 часот по средноевропско време во Минхен е закажана ждрепката за групите, на која секако, ќе се појави и нашата репрезентација која обезбеди место на Мундијалот преку бараж.

ИХФ ги потврди и шеширите за извлекувањето закажано за утре:

Шешир 1: Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска, Египет, Аргентина

Шешир 2: Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија, Фарски Острови, Македонија

Шешир 3: Грција, Полска, Бразил, Бахреин, Тунис, Зелено’ртски Острови, Чиле, Соединетите Американски Држави

Шешир 4: Катар, Кувајт, Јапонија, Алжир, Ангола, Уругвај, Турција, Саудиска Арабија

ПретходноНеверојатно: Курасао ги распродаде сите дресови!
СледноМурињо пристигна во Мадрид, промоција во четврток!