Сега веќе актуелниот македонски фудбалски шампион, тимот на Вардар обелодени дека во изминатите десет месеци е водена правна битка со институциите при УЕФА во која што Вардар е обвинет, а потоа и е докажано како точно дека имал двојни фалсификувани договори со своите поранешни играчи Дарко Глишиќ односно Мартин Блажевски.
Договорите потпишани од поранешна управа на клубот, се секако нелегални, и нормално дека не смеат да постојат како такви, на ФК Вардар му направиле огромен проблем кој што резултирал со казна од 250.000 евра, со која што „црвено – црните“ едноставно се спогодиле со УЕФА.
Плус, условна казна што се вели, во следните три години да не се повтори делото, со што Вардар евентуално дефинитивно би бил суспендиран.
Од страна на ФК Вардар, покрената е постапка против „Н Н“ сторител за извршување на тие нелегални активности.















