Андреа Бочели е една од звездите на отворањето на Мундијалот

43
BO 2020-08-28 BELIEVE

Големата италијанска оперска звезда, и еден од најголемите во својата бранша, Андреа Бочели, ќе биде дел од церемонијата на отворањето на претстојниот Мундијал во САД, Мекиско и Канада, кој што започнува утре со премиерниот дуел Мексико и Јужна Африка.

Покрај Бочели на отворањето ќе се појават и Дејвид Гета, светски познатиот ди џеј кој што патем летово ќе гостува и во Скопје, потоа EJAE, ултра популарната пејачка од корејско потекло како и Меган Ти Сталион, RNB американската икона.

Натпреварот помеѓу домаќинот Мексико и Јужна Африка се игра на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити, со почеток од 21:00 часот.

ПретходноОливер Богатинов и официјално е нов тренер на Тиквеш
СледноМечот Англија – Костарика засега е одложен