РК Вардар се враќа дома, се враќа во својот дом, во салата “Расадник“ која беше препознатлива по тоа што некогаш беше домот на некогашниот ракометен европски шампион. По децении запоставеност, култната спортска сала „Расадник“ одново ги отвора вратите како нов дом на спортот, младите таленти и идните шампиони на Македонија.На оваа свеченост присуствуваа и некогашни ракометари и легенди на Вардар кои одиграа ревијален меч.
На свеченото отворање присуствуваше и претседателот на Владата на Р.Македонија, Христијан Мицкоски:
“Секој ден се трудиме да ги завршуваме оние проекти што ги отпочнавме. Поголем дел од овие проекти се финишираат и го добиваат она светло што го заслужуваат. Еден од тие проекти е и спортската сала „Расадник“. Вака како што е конфигурирана салата е со капацитет од 1000 гледачи, со најсовремени услови. Сигурен сум дека не само младите од Кисела Вода и од Скопје, туку и пошироко, ќе спортуваат, ќе се натпреваруваат и ќе другаруваат и зошто да не, можеби овде ќе израснат и идни спортски ѕвезди кои се најголеми амбасадори на една држава“ посочи Мицкоски.












