Играчите се плашат да јадат нездрава храна пред Роналдо

299

Навиките за исхрана на Кристијано Роналдо веќе се одразуваат и врз неговите соиграчи во Манчестер Јунајтед. Клучот за неверојатната физичка кондиција, но и изглед и способноста да одигра квалитетно дури и на 36 години. Петкратниот освојувач на „Златната топка“ е познат по здравата исхрана, која се фокусира на протеински оброци, целозрнеста храна и салати, обидувајќи се да избегне шеќери, масти и јаглехидрати.

Во интервју за „Ток спорт“ голманот на тимот Ли Грант објасни дека тој и неговите соиграчи со нетрпение го чекале да видат што ќе јаде Роналдо за вечера во хотелот пред првиот меч. Тој видел дека на Роналдо му донеле чинија со киноа, авокадо и варени јајца. Ниту еден од неговите соиграчи не се осмелил да си го земе вообичаениот десерт.

Обично ја завршуваме вечерата со нешто нездраво. Малку крем од јаболка или мафини со крем. Ви кажувам, ниту еден играч не ги допре тие работи кога Роналдо седеше на маса. Се гледавме меѓу себе, еден од соиграчите ме праша: „Што јаде Кристијано?“. Не сакавме да бидеме некултурни, ѕиркавме, гледавме и забележавме дека тоа беше најчистото, најздравото јадење што можете да го замислите. Ви велам ниту еден играч не стана да земе од нездравата храна што беше ставена за вечера. Сите гледаа во чинијата на Роналдо“, раскажа Грант.

По враќањето на „Олд Трафорд“, Роналдо постигна четири гола на три натпревари, а Јунајтед заедно со Челзи и Ливерпул е на врвот на табелата.

ПретходноОчај! Барса не го победи ни Кадиз
СледноВест Хем ја одби понудата на азербејџански бизнисмен