Женскиот ракометен клуб Вардар денеска и официјално потврди дека следната сезона ќе има европски настапи. Клубот го искористи избореното право и го пријави својот настап во ЕХФ Европскиот куп. За „вардарки“ ова ќе биде уште едно големо искуство и обид да се проверат силите на европската сцена.










