По ремито со Гранада 1:1, екипата на Барселона направи уште еден кикс кој ја оддалечи од врвот на табелата во Ла Лига. Барса одигра без голови на гостувањето кај Кадиз што е трето реми сезонава по пет одиграни натпревари.
Роналд Куман немаше идеја како да ја поведе Барса до победата, впрочем екипата играше толку слабо што Кадиз лесно излегуваше на крај со противничките играчи. „Каталонците“ во 65 минута останаа со играч помалку затоа што Френки де Јонг поради втор жолт картон беше исклучен (два жолти картони доби за пет минути).
И за Кадиз ова е трето реми сезонава. Да кажеме дека Кадиз минатата сезона ја победи Барселона на свој терен со 2:1.