Македонија ја победи Грузија!

114
Фото: Тениска федерација Молдавија

Македонија ја победи Грузија и со тоа го освои второто место во групата од Третата Европска зона во Дејвис Купот на турнирот кој се одржува во Кишињев (Молдавија).

Прво Калин Иваноски беше подобар од Александре Бакши со 2:0 во сетови, за да потоа и вториот наш тенисер Олег Приоходко славеше против Пуртселадзе со 2:1 во сетови. Првиот сет го доби Грузиецот во тај-брејкот, за да потоа Приходко вториот сет го доби со 6:1 во гемови, а во третиот беше подобар со 6:3 за конечна победа од 2:1.

Мечот во двојки нема да се игра, а утре Македонија се среќава со Црна Гора, која исто така како и ние, заврши на второто место во својата група.

Претходно“Бомба“: Салах останува во Ливерпул?!
СледноПознати се стартните состави: Барбарез и Марш одбраа – кај БиХ го нема Џеко!