Она што стрелецот на голот за БиХ го направи вечерва никој го нема направено од 1966 на Мундијалите!(ФОТО)

315
ФОТО:.facebook.com/nfsbih/

Змејовите“ беа во водство до 79-тата минута, но Канада лесно можеше да го земе целиот плен. Сепак, резултатот остана 1:1, а единствениот гол за „Змејовите“ го постигна Јово Лукиќ во 21. минута. Иако неговиот квалитет често беше оспоруван, тој постигна вреден гол за Босна и Херцеговина. Тој исто така направи нешто што никој не го направил од 1966 година. Јово Лукиќ испиша историја и стана првиот напаѓач откако се водат евиденции (од 1966 година) кој имал девет или повеќе скок-дуели во еден натпревар на Светското првенство и ги добил апсолутно сите со 9/9, односно 100% учинок ! Доминација во најсилната можна категорија, без грешка, без загубен дуел. Лукиќ „го затвори небото“ над противничкиот шеснаесетник. За напаѓачот на романската Универзитатеа Клуж, ова беше само четврти настап во дресот на репрезентацијата, но и прв гол. Репрезентацијата на БиХ е на прагот на голем успех и пласман во нокаут фазата, а за тоа би требало да биде доволна победа над Швајцарија или Катар во последното коло.

ПретходноБосанците не издржаа во Торонто, реми против Канада!(ВИДЕО)