Шервуд со лудо предвидување: Роналдо за 18 месеци ќе стане тренер на Јунајтед

242

Некогашниот играч и тренер на Тотенхем, Тим Шервуд, изјави дека Кристијано Роналдо ќе почне тренерска кариера во Манчестер Јунајтед и тоа после само 18 месеци! Шервуд додава дека доколку екипата не оди во вистинска насока, Солскјер ќе биде тргнат од кормилото, а Португалецот ќе го смени.

Го гледам Роналдо како тренер на Јунајтед. Тоа ќе се случи најмногу за 18 месеци. Ако Јунајтед ги освои Премиер лигата, Лигата на шампионите, и ФА купот, Солскјер веројатно ќе остане. Но, ако тоа не се случи, мислам дека ќе има нов тренер“, рече Шервуд.

ПретходноТоа е тоа: Кевин Њокас го има еден од најдобрите голови во Лигата на шампиони (ВИДЕО)
Следно„Бомба“ од Италија – Донарума се враќа, на пат кон Торино!