Чешки милијардер е нов газда на англиски Вест Хем

125

Чешкиот милијардер Даниел Кретински стана мнозински сопственик на англиски Вест Хем. Неговата платформа 1890 Holdings ќе го зголеми својот удел во клубот од 27% на 43%.

Претходно, претседателот и најголем сопственик на Вест Хем, Дејвид Саливан, поднесе оставка поради  истрагата за неговиот наводен сексуален напад. Тој поседуваше 38,8% од акциите. Форбс ја проценува нето вредноста на Кретински на 10 милијарди долари. Неговиот главен извор на богатство е енергетската компанија EPH, која поседува над 70 претпријатија низ Европа (рудници за јаглен, гас и електрани на јаглен).

ПретходноЕгипет мораше да ги смени дресовите: ФИФА наложи да се отстранат неколку детали!
СледноМакедонија слави промоција во Втората Светска група (ФОТО)