Сериозен инцидент на грчкото кошаркарско финале: Тајрик Џонс го нокаутираше Кендрик Нан (ВИДЕО)

318

Сериозен инцидент ја потресе јавноста во Грција вечерва. По крајот на големото кошаркарско финале помеѓу Панатинаикос и Олимпијакос, во кој што Олимпијакос ја освои титулата, Тајрик Џонс во подрибинскиот простор физички се пресмета со Кендрик Нан.

И тоа на најбрутален начин, удирајќи го со тупаница в лице. Со оглед на големината на Џонс, попусто реагираа голем број на редари и полицајци.

Нивниот дуел траеше цел меч, но секако во рамките на спортот, а она што потоа се случи, ќе има далекусежни последици.

ПретходноШишенце вода на стадионите на СП чини 6 долари, пиво трипати повеќе
СледноТФТ му се заблагодари на Дарин Говенс