Имаат решение за горештините: Шпанија користи револуционерна технологија!

157
ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/

За време на тековното Светско првенство, шпанските фудбалери тренираат во специјални елеци исполнети со замрзнат гел, со цел подобро да се справат со жештините во Северна Америка. Шпанската фудбалска федерација објави дека шпанската репрезентација е една од 14-те екипи кои ја користат новата технологија, развиена од компанијата „Адидас“, на Светското првенство.
Во соопштението се наведува дека елеците што ги носат нивните играчи можат да ја намалат телесната температура за половина степен, а температурата на кожата за дури 13 степени. Овој потег, според агенцијата ДПА, ја става Шпанија на чело на технологијата со цел да ги одржи играчите во најдобра можна форма.
Европските шампиони ќе го започнат Светското првенство во понеделник со натпревар против Зеленортските Острови на стадионот со подвижен покрив во Атланта. Шпанија е во групата Х, тука се и Уругвај и Саудиска Арабија.

ПретходноИнтересно: Англичаните уште сега се подготвуваат за пенал – серии во групната фаза!
СледноХаити бесен поради недосудениот пенал против Шкотска (ВИДЕО)