Македонскиот зет блесна во дресот на Шведска против Тунис

927

Големиот триумф на репрезенатцијата на Шведска на тековниот Мундијал против Тунис од 5:1, го одбележа пред се импресивната изведба на напаѓачот Јасин Ајари.

Напаѓачот на Брајтон рано изутринава во европско време погоди уште во седмата минута за водство на Шведска, и го најави дебаклот на противникот.

Потоа, во шестата минута од судиското продолжение го постави и конечниот резултат.

Ајари е еден од најдобрите шведски фудбалери во моментов, и е на прагот да направи голема кариера. Започна во АИК од Стокхолм, а потоа потпиша за Брајтон со нагласок дека одработи две позајмици во Ковентри и Блекбурн.

Тоа е што се однесува до неговиот професионален момент. Оној приватниот пак е за нас далеку по интересен. Ајари е најдобриот пријател на Дејан Кулушевски, швеѓанецот со македонско потекло, и партнер на неговата сестра Сандра Кулушевска.

Интересно е што Ајари изминатиот период многу често е во Македонија, односно во Охрид, од каде што е и потеклото на семејството Кулушевски.

Конечно, дедото на Дејан и на Сандра, чичко Сребре, гордо ја сподели својата фотографија со Ајари и со неговиот внук Дејан на социјалните мрежи честитајќи му на огромниот успех во моментов.

ПретходноШокантно: Зидан нема да ја гледа Франција, туку “неговиот“ Алжир а причината е неговиот син!
СледноАмир Нухија е нов играч на Струга ТЛ