Амир Нухија е нов играч на Струга ТЛ

154

Досегашниот капитен на тимот на Шкендија Арачиново, и младинецот на тимот на Шкендија од Тетово, својата кариера ќе ја продолжи во екипата на Струга ТЛ.

Креативецот го имаше одлична сезона во дресот на арачиновци, се сели во Струга каде што очигледно гледаат во него идеално решение за подмладување на екипата.

Нухија одработи и една позајмица во тимот на Арсими пред да се пресели во Арачиново.

Струга ТЛ очигледно дека летово планира да се засили што повеќе и да атакува повторно на највисок пласман следната сезона.

 

ПретходноМакедонскиот зет блесна во дресот на Шведска против Тунис
СледноНеверојатно: Тунис го смени селекторот Сабри Ламуши на сред Мундијал