Она што Спортспорт го најави денеска тимот на Струга ТЛ и го потврди. Досегашниот играч на екипата и воедно и капитен на Шкендија Арачиново, Амир Нухија, и официјално станува дел од тимот на Струга која што летово планира да направи мини реконструкција на екипата.
Некогашниот младинец на Шкендија одработи одлична сезона во Арачиново, а пред тоа се калеше и во дресот на Арсими.
Сега ќе има можност, 20. годишниот креативец во далеку поквалитетен тим да покаже вистински што може.















