ЛК:Шкендија доби ривал од Гибралтар, Силекс на мегдан со Динамо Минск!

337

Попладнево во Нион се одржа ждрепката за 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Нашите претставници во ова натпреварување, Шкендија и Силекс, ги дознаа своите ривали.

Шкендија како носител за ривал го доби тимот на Европа од Гибралтар. Тим кој секако дека треба да се мине, но не смее никако да се потцени.

Силекс за противник го доби Динамо Минск од Белорусија, секако и тоа како силен противник. Ама и претходно се знаеше дека кратовци ќе добијат силен противник.

И Силекс и Шкендија номинално на првите мечеви ќе бидат гости, ама може да дојде и од измени.

Познато е дека овие мечеви од воведното квалификациско коло се играат на 9 и 16 јули.

Секако дека им посакуваме на нашите клубови да ја минат оваа стартна пречка во квалификациите во Лигата на Конференции.

Инаку да се потсетиме дека Шкендија минатата сезона во ова натпреварување направи историја. Тетовци не само што играа во групната или лигашка фаза, туку ја дочекаа пролетта во Европа со пласманот во 1/16 финалето.

Да споменеме дека утре е ждрепката за 2.квалификациско коло а УЕФА околу 8.30 часот ќе го објави скратениот список со можните противници на Шкендија и Силекс, само ќе треба прво нашите екипи да ја минат првата пречка.

ПретходноМаневски тргна со индивидуални тренинзи, следната недела е дел од екипата
СледноБруно Акраповиќ ги “поврзува“ Шкендија и Европа, Динамо Минск бил подобар од Ренова и Работнички