Нов газда, нов тренер – си оди ли Влатко Костов од Брегалница!?

672

Пласманот и враќањето на штипска Брегалница во елитната лига во Македонија беше еуфорично прославен во градот „Под Исарот“. Штипските „сини“ се вратија таму каде што им е местото а со тоа се вратија и фудбалските приказни во овој фудбалски центар во нашата држава.

Но, бајките кратко траат, па така и оваа штипската. Новиот спонзор Франк Соломон го превзема раководењето на клубот, а со тоа се очекуваат и радикални измени. Она што се зборува се погласно е тоа дека Брегалница „бара„ нов тренер!?

Има најави за заминување на Влатко Костов а името на Александар Таневски – Клајне.

Неофицијално Соломон кој ќе вложува по 600.000 евра годишно во Брегалница веќе имал средба со актуелниот тренер на ФК Скопје. Ако Таневски оди во Брегалница се создава „вртелешка“. Си оди Влатко Костов, Скопје останува без тренер…

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
СледноСпалети го посакува Дијамантот во Јувентус!