КуПС за засили со играч за врска за дуелите со Вардар

130

Томи Јоору се врати во КуПС и е промовиеран како големо засилување во средниот ред во тимот на првакот од Финска пред квалификациските дуели од Лигата на шампионите против Вардар. Станува збор за 27 годвишен фудбалер кој ја го има и репрезентативниот статус во својата земја, но и покрај неколкуте повици тој се уште го чека дебито за својата земја.

Она што е интересно е тоа дека Јоору во изминатата сезона настапуваше во романската екипа Петролул од Плоешти каде играше во тандем со екс-вардарецот Даниел Донгмо. Споменатиот фудбалер пред три сезони има настапувано за КуПС па така тој доаѓа во позната средина и е најавен како големо заслување за „жолто-црните“.

ПретходноГледи Мици не е веќе играч на Струга ТЛ!
СледноЗлатан:“Меси со хет-трикот го надмина Роналдо, мислам на Роналдо Назарио, не на тој другиот кој не е ни на листата!“