Ново европско разочарување: Роналдо и Португалија анемични, само бод против ДР Конго (ВИДЕО)

67
фото: FIFA World Cup Stats (X)

Роналдо и неговата Португалија, разочараа на премиерата на Мундијалот, откако вечерва одиграа само 1:1 против селекцијата на ДР Конго. Фудбалерите на Португалија направија грешка на стартот на Мундијалот и сега влегуваат под голем притисок во пресрет на финалните две средби во групата.

Натпреварот започна одлично за избраниците на тренерот Роберто Мартинез, бидејќи Португалија поведе по помалку од шест минути игра. Жоао Невес им донесе водство на Португалците, постигнувајќи гол со глава по центаршутот на Педро Нето од левата страна.

ДР Конго неколку пати се закани кон голот на Португалија, но безуспешно, а до крајот на полувремето гледавме вистинска приспивна. Шокот за Португалците дојде длабоко во судиското продолжение од првото полувреме, бидејќи во петтата минута од дополнителното време, по центаршутот на Масуаку, Виса остана сам на пет метри пред голот на Коста и постигна гол за израмнување.

Второто полувреме не донесе премногу возбудувања, Португалија се мачеше да создаде шанси, а ДР Конбто одигра смело, па дури и на двапати сериозно се закани. Мега-ѕвездата на „европските Бразилци“, Роналдо, освен што урна неколку рекорди со самиот настап, не успеа да се најде во сериозна позиција за гол.

ПретходноПосле две години Брестовац се раздели со Ал Араби
СледноОфицијално: Дориев во дресот на Согдиана до 2030 година