Денеска актуелниот бранител на титулата во домашниот фудбалски шампионат, тимот на Вардар, на базичните подготовки во Норчиа, Италија го одигра вториот пријателски меч.
Во дуелот со Селеционе Сполерто Валнерина, Вардар обезбеди победа од 4:1. Головите беа постигнати во првиот дел, и се дело на Бабунски, Закариќ, Омерагиќ и Торес.
Вардар продолжува со активностите на подготовките во Италија, планира да одигра уште неколку средби, пред да се врати во Скопје, и дефинитивно да се посвети на дуелот од квалификациите за Лигата на Шампионите против тимот на КуПС од Финска.
Вардар: Талевски, Јанкулов, Матиќ, Велковски, Пулиео Босанчиќ, Бабунски Закариќ Родригез Омерагиќ Торес
Второ полувреме: Диковски Мишковски Најдовски Мурџевски Јефтовски Пиреш Данев Тодоровски Јаков Николов Дурански















