Наместо уште еден херојски момент на репрезентацијата на Босна на овој Мундијал, вечерва добивме показна вежба за тоа како се користат противничките грешки од страна на репрезенатцијата на Швајцарија.
Конечниот резултат на дуелот од групата Б гласи 4:1, а головите беа постигнати во последната делница од мечот.
Сплетот на околности доведе до тоа Босна на овој меч да одигра како така солидни седумдесетина минути, а потоа црвениот картон на Мухаремовиќ значеше крах.
Само шест минути претходно, во 74. минута Манзамби во својот прв допир со топката реализираше за водство. Кобниот момент пристигна во 80. минута кога Мухаремовиќ спасуваше зицер ситуација и доби исклучување.
Варгас во 84. минута по одличната акција од десно зголеми на 2:0, за да со својот втор гол Манзамби направи и 3:0 во последната минута. Ермин Махмиќ „распали“ по еден отпадок по корнерот на босанците и намали на 3:1, но тоа не беше се од овој дуел.
На спротивната страна досуден пенал за Швајцарија кој што го потврди ВАР, а Гранит Џака реализираше за конечни 4:1.










