Партизан на Раул веќе слават – нема да го чекаат судниот ден! Се споменува и Вардар!

342

Откако ЕХФ ја објави листата на сигурни учесници во Лигата на шампиони, како и оние кои чекаат вајлд-карта за истите, и воедно најави дека во понеделник ќе биде објавена комплетната листа, од Србија дојде интересна вест.

Според тамошните медиуми, Партизан е еден од оние тимови кои добиле зелено светло за настап во Лигата на шампиони. Српскиот клуб е предводен од поранешниот македонски селектор, Раул Гонзлаес, кој со Вардар успеа да се закити со шампионска титула во ова натпреварување.

Но, тука не застануваат убавите вести. Србите тврдат дека и Вардар ќе добие вајлд-карта за Лигата на шампионите.

Дали навистина ќе биде така останува да видиме во понеделник, сепак ЕХФ го има последниот збор.

ПретходноТврдат дека се угнетувани на Светското првенство – се пожалија на ФИФА
СледноИ Стефан Лозаноски се врати во родниот Прилеп