Осуден за „малверзации“ во Турција, а тука прави хаос во Тиквеш!

1069

Сезер Браво е турскиот менаџер. Бизнисмен, инвеститор… или кој знае што, а кој на голема врата беше најавен како голем, силен и моќен спонзор кој влегува во ГФК Тиквеш. Клубот од Кавадарци го предаде управувањето на клубот на странски инвеститор кој веднаш почна да „сече глави“ во клубот.

Првиот потег, исписници за 11 играчи од ланскиот ростер од кои повеќето од играчите се локални фудбалери од Кавадарци на кои Тиквеш им е матичен клуб и кои секогаш биле за и во клубот кога истиот имал и добри но и лоши денови.

Која е позадината со ваквите одлуки!?

Бришењето на мнозинството на играчи и носење на нови значи само едно. Максимална контрола на тимот и страв „староседелците“ да не гледаат што се работи во клубот. Во Кавадарци, а и во фудбалската јавност денеска како „земјотрес“ беше примена одлуката да се избркаат 11 фудбалери. Направен е вистински хаос кој треба да се оправа во наредните денови. Клубот најави дека оди во Турција на подготовки со новиот тренер Оливер Богатинов, словенец со македонско потекло.

Кој е Сезер Браво, како дојде во Тиквеш!?

Во прилог на текстот е и документот до кој дојде редакцијата на СпортСпорт за покренување на дисциплинска постапка во големата афера за местење на натпревари, обложување и коцкање на лица од фудбалот во Турција. Во одлуката од 7 јануари се покренува истрага против 103 лица од Турција за малверзации во фудбалот во оваа земја.

По неколку дена или на 22 јануари оваа година, дисциплинската комисија на ТФФ (Турската Фудбалска Федерација), носи одлука со која Сезар Браво е казнет:

91: „Сезер Браво со ова се осудува на дискрециона забрана од 3 месеци за учество во спортски активности, во согласност со член 57/2 од ФДТ, за неговите прекршувања поврзани со коцкарски активности“, –  стои во одлуката на дисциплинската комисија при Турската Фудбалска Федерација.

Исти лица од Шкупи сега се во Кавадарци

Лицата кои сега се вртат околу ГФК Тиквеш и кои се најавени како големи спонзори и инвеститори не се од вчера во фудбалот во Македонија. Истите лица кои се блиски до Сезер Браво и кој напоменува дека има потекло од Македонија, ги имаме видено и по ходниците на „Чаир“ и минатите месеци во Шкупи во кои на скопскиот трофеен клуб му се случи фијаско и уништување.

Шкупи од големите спонзори и инвеститори испадна во Втора лига и стана клуб за потсмев во Европа како најслаб клуб кој се натпреварува на „стариот континент“. Има ли кој да ги провери ваквите фудбалски инвеститори, спонзори…!?

Зарем не ја научивме лекцијата со Шкупи, Гостивар, Македонија Ѓ.П, а посебно онаа со Работнички. Кај влегоа “трева не расте“!!!

ПретходноИ Стефан Лозаноски се врати во родниот Прилеп
СледноГаштаров погоди во дуелот на Црвена Звезда против Јединство путеви (ВИДЕО)