ЖРК Вардар доби екстра засилување – Марија Дуноска

60

Вардар се засилува со младиот и талентиран голман, Марија Дуноска. Новиот “чувар на мрежата” беше најдобар кадетски голман ланската сезона во кадетската лига и доби признание на Ф4.

Оваа сезона беше дел од македонската репрезентација која го освои сребрениот медал на Светското училишно првенство во ракомет.

Покрај ова од ЖРК Вардар се пофалија дека ги продолжија договорите со најдобри стрелци изминатата сезона, одличните крила и македонски репрезентативки Леона Миленкоска и Ивана Трифуноска.

ПретходноГаштаров погоди во дуелот на Црвена Звезда против Јединство путеви (ВИДЕО)
СледноСловенија, Хрватска и Унгарија опции за Андреј Јовчевски