Марко Алчевски е нов голман на Тиквеш

648

Во напливот на заминувања во таборот на Тиквеш од Кавадарци, екипа која што во текот на вчерашниот ден објави заминување на десетина стандардни првотимци од минатата сезона, доаѓа и првиот новитет.

Тоа е некогашниот младински репрезентативен голман на Македонија, Марко Алчевски кој што по интернационалната авантура во ОФК Београд се враќа во домашниот ПМФЛ шампионат.

Алчевски во минатото настапуваше за екипите на Брера, Борец, но и Хапоел Ерусалим, неговиот прв странски клуб.

Беше член на сите младински селекции на Македонија.

 

ПретходноДенеска на Мундијалот: Холандија VS Шведска, “Панцерите“ ма мегдан со “слоновите“…
СледноРоналдињо се враќа во фудбалот!