После убедливиот триумф над Молдавија, денеска нашата женска репрезентација „Под 17“ години запиша убедлив пораз на турнирот „Rising Stars“ во Букурешт.
Селекторот, Виктор Петровски и неговите избранички беа совладани од домаќинот Романија со 58:27. Она што загрижува на овој натпревар е што нашите надежи имаа повеќе загубени топки (вкупно 35) отколку дадени поени, скромни 27. Од 35 загубени топку, 11 беа на Груевска.

Противникот доминираше во сите 40. минути, а Македонија во ниту една четвртина не успеа да ја дојде до двоцифрен број на поени.
Ова е уште еден знак дека женската кошарка и натаму се движи во лош правец и засега се носат одлуки кои не носат никаков напредок. Молдавија не е мерило на силите…










