Модриќ против Панама испишува историја!

160
ФОТО:.facebook.com/cff.hns/

Уште еден податок за тоа колкава фудбалска величина е Лука Модриќ. Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација ќе го има својот 200-ти настап за „коцкестите“ против Панама, станувајќи само четвртиот играч што стигнал до „Клубот 200“. Само тројца играчи ја достигнале оваа неверојатна бројка. Кристијано Роналдо има 229 настапи за Португалија, по него Кувајќанецот Бадер Ал-Мутава со 202, а Аргентинецот Лионел Меси неодамна се приклучи на „Клубот 200“ против Алжир.
Ова е неверојатен подвиг за хрватскиот капитен, кој игра на своето петто Светско првенство, а играл и на пет Европски првенства.

Патувањето беше одлично, не можев ни да сонувам дека ќе бидам на пет Светски првенства. Кога ќе се вратам на почетокот, бев момче кое имаше големи соништа. Сонував за еден настап, а наскоро ќе имам 200. Секое првенство ме правеше подобар, растев како играч и како личност, со сите тренери и соиграчи“, рече тој неодамна на прес-конференција во Далас.
Модриќ го имаше своето деби за Хрватска во март 2006 година во победата (3:2) над Аргентина, а својот прв гол го постигна на 16 август 2006 година во Ливорно во победата од 2:0 против тогашниот актуелен светски шампион Италија.

ПретходноБаерн и Нено пропуштија предност од 20 поени и ја загубија титулата во Германија
СледноВедрана се закити со злато на Г1 турнирот во Сараево