Баерн лесно до петтата сезонска победа во Бундеслигата (ВИДЕО)

110

Фудбалерите на шампионот на Германија, Баерн (М), без особени проблеми славеа на гостувањето кај Гројтер Фирт во воведниот меч од 6. коло на Бундеслигата. Шампионот однесе победа од 3:1, петта за него во новата сезона во Германија.

Со голот на Милер, баварците во 10. минута обезбедија водство од 1:0, а до крајот на полувремето во листат ана стрелци се запиша и Кимих за 2:0.

На стартот на вториот дел поради остар старт од зад грб, Павар доби директен црвен картон кај гостите, но тоа не му пречеше на Левандовски во 68. минута да зголеми и на 3:0.

Почесниот гол за домашните го постигна Итен во 88. минута.

ПретходноДали е можно: Наследникот на Куман, Лапорта го нашол во Франција?
СледноАко не сака Челзи, Баерн (М) е подготвен да му понуди 10 милиони евра годишно на Ридигер