Прекината серијата: Левандовски за првпат по февруари не успеа да постигне гол

72

Откако синоќа третиот гол за Баерн на мечот со Гројтер Фирт му беше запишан како автогол на домашниот фудбалер Себастијан Гризбек, голгетерот на Баварците, Роберт Левандовски, ја прекина голгетерската низа која траеше 19 меча по ред.

По 90 минути на теренот, полскиот напаѓач не успеа да се запише во листата на стрелци за својата екипа, за првпат по февруари 2021 година. Последен пат тој не успеа да постигне гол за Баерн на мечот со Херта одигран на 5 февруари оваа година.

ПретходноФедерер изненадувачки се појави на Лејвер Купот
СледноСупер-дерби: Челзи го дочекува Сити во реприза на финалето од ЛШ