Најдобрата македонска тенисерка утре ги стартува квалификациите на Вимблдон. Нејзина ривалка во првата рунда од квалификациите ќе и биде шпанската тенисерка Анхела Фита Болуда (26 години). Ривалката на Ѓорческа се наоѓа на 213.место на ВТА ранг-листата и во кариерата има 10 турнирски победи на ИТФ турнири. Оваа година има одиграно четири финалиња и има само една победа. Најдобриот ранг и бил 190.место.
Ѓорческа на Вимблдон има настапувано во 2017 и 2024 година, кога настапот го завршуваше во првата квалификациска рунда.
Мечот од првото коло треба да биде на програмата утре (вторник), а женските квалификациски мечеви ќе се играат од вторник до 25.јуни.










