Калин Ивановски ја мина првата пречка на ИТФ М25 Загреб

58

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец, Калин Ивановски ја мина првата пречка во синг конкуренција на ИТФ М25 Загреб турнирот откако денеска го победи Јан Фацек од Чешка со 2-0 во сетови (62 63) за 82 минути. Тој во следното коло ќе игра со Павлос Циципас од Грција, кој со 2-0 во сетови го победи Кирил Кивацев.

Ивановски во првиот сет направи два брејка во првиот и во петтиот гем, а тоа му овозможи предност и водство од 5:1 и сетот го заврши со 6:2. Во вториот сет резултатот беше изедначен до 3:3, а потоа следуваше мини-серија на Ивановски од три гема со два брејка и по реализацијата на втората меч топка го доби сетот со 6:3.

Од македонските репрезентативци утре настап ќе има и првиот носител Олег Приходко, кој ќе игра против Хлеб Секачов во поединечна конкуренција.

Во конкуренција на двојки Ивановски и Амар Хусеиновиќ ги очекуваат ривалите, како и Приходко и Андреј Чепелев. Ова значи дека утре (четврток) Ивановски и Приходко ќе имаат двојна програма.

 

ПретходноОдржан НБА драфтот: Кој се покажа најдобро, а кој најлошо?
СледноКрис Џонс е новото засилување за Црвена Звезда