Бакет Кам и Бадел 1862 ќе испишат историја во „Кале“

106

Баскет КАМ и на Бадел 1862 ќе влезат во историјата на Суперкупот во женската конкуренција како екипи кои први се бореле за трофејот.

Мечот е закажан со почеток во 17.часот, ќе биде одлична кошаркарска претстава меѓу двата учесници ВАБА лигата.

Актуелниот бранител на двата трофеи ја дочекува во еден крајно изменет состав. Без носечките играчи како Анџелика Митрашиновиќ, Ивана Кметовска, без странците Гобељиќ и Брајковиќ.

Сега и со неколку нови кошаркарки, американскиот центар Адиџат Адам, бекот од Црна Гора, Снежана Алексиќ, како и српската интернационалка Кристина Балтиќ.

Но и нов тренер, бугарскиот стручњак Александар Алексиев, додека во фаза на очекување во екипата од Македонска Каменица е се чини и најголемото засилување, враќање на теренот на Јелена Антиќ.

„Благодарност за раководството на клубот што ми дава можност да работам во еден шампионски тим како Баскет КАМ, и да се бориме за првите позиции во Македонија. Што се однесува до овој натпревар, тој треба да ни покаже што сме работеле досега. Да видиме до каде сме стигнале во она што се нарекува процес, работа. Работам со екипа во која е видлива онаа работна етика, присутна дисциплина, тоа треба да го покажеме и на теренот. Играме против еден добар тим, кој исто така ќе игра и во ВАБА лигата. Имаме млади кошаркарки од кои очекуваме прогрес, потпомогнати со оние играчи кои доаѓаат од страна. Ние треба да им го овозможиме тоа, и да бараме максимална ангажираност од сите, на секој натпревар“– коментира тренерот Алексиев пред премиерата на Суперкупот.

„Баделки“ пак не менуваа многу во меѓусезоната. Ја „добија“ Ивана Кметовска, која лани играше токму за Баскет КАМ, нов-старо име е и Метју Кетлин, кои ќе ги покриваат оние внатрешни позиции „4“ и „5“.

„Точно е, не менувавме многу во паузата меѓу двете првенства, сега ги имаме Кметовска и Кетлин кои ќе ги покриваат центарските позици во екипата која оваа година ќе игра  во ВАБА лигата. Оттука, ова е убава можност за проверка и наша и на противникот, кој за разлика од нас, направи доста промени во ростерот. Особено пред оние први мечеви од Јадранската лига кои следуваат веќе од наредната седмица“– потенцира Перо Стамески, тренерот на Бадел 1862.

ПретходноШест руски градови сакаат да бидат организатори на ЛОИ 2036
СледноБразил повика осум играчи од Премиерлигата, иако знае дека ги чека карантин!?