Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски е нов член на Наполи. Оваа информација ја потврди и самиот тим.
Тој потпиша двегодишен договор со италијанскиот тим каде што тренер е Јасмин Репеша и во следната сезона ќе се натпреварува во ФИБА Еврокупот.
Јакимовски во Серија А имаше просек од 9,3 поени по натпревар, 4,6 скока и 1,1 асистенција, додека во Еврокупот постигна 10,8 поени и 6,1 скока за 24,4 минути.
Андреј стана третиот Македонец кој заиграл за овој спортски бренд после Елиф Елмас и Горан Пандев. Триот кое настапувало за еден голем тим сме имале и во минатото, во Барселона беа Кирил Лазаров, Владо Илиевски и Бабунски.
View this post on Instagram










