Едни од најдобрите македонски кошаркари веќе ги реализираат своите нови обврски за новата сезона.
Во центарот на вниманието е Ненад Димитријевиќ, кој се очекува да стави официјален потпис на договор со Арис. Најдобриот македонски кошаркар на денешницата и официјално се раздели со Зенит, тим со кого имаше договор, а во меѓувреме замина во Минхен на полусезона, со кого имаше успешна авантура.
Рускиот тим денеска објави дека Нено не е повеќе дел од Зенит и му посака среќа.










