Силекс го потпиша и Борјан Пановски!

336
ФОТО: FFM.MK

Борјан Пановски (25) е нов играч на Силекс. Кратовци, а посебно тренерот Александар Васоски во одличниот бек добија осетно засилување ако се знае дека Пановски минатата сезона беше еден од надобрите играчи на Башкими. Тој може да игра и на десната и на левата бековска позиција.

Инаку Пановски некогаш беше дел од младинските селекции на Македонија, а досега во својата кариера има играно за екипите на Работнички од каде потекнува, потоа Тетекс, Охрид, Гостивар и Пелистер.

Секако дека со Пановски во тимот стратегот Васоски ќе има уште една добра опција кај бековите.

ПретходноШпанецот на клупата на Македонија со мини-анализа: Таква е кошарката! Многу работи не можеш да контролираш!
СледноКалин во Загреб го победи братот на Циципас!