Лина по историската победа: Доаѓам од мала земја, но со огромно спортско срце

111

По денешниот фантастичен успех и историскиот пласман на главниот турнир на Вимблдон, нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа истакна дека ова е остварување на сонот.

„Горда и среќна сум за сите овие денови на Вимблдон. Доаѓам од мала земја и горда сум што сум единствената во историја, и во машка и во женска конкуренција, која се изборила за место на главниот турнир. Ова за мене е остварување на сонот. Не е лесно да си од мала држава, поради целата логистика, условите за тренинг и финансискиот дел. Но, кога ќе стигнеш тука, даваш 100 проценти од себе за да успееш, а на крајот сето тоа носи резултат. Можеби доаѓам од мала земја, но ние сите имаме огромно спортско срце“, изјави тетовчанката.

Ждрепката за 1. коло на женскиот турнир е закажана за утре.

ПретходноВардар со 12:0 славеше на тестот со Норчија
СледноУ15: Македонија поразена и на втората контрола со Албанија