Очекувано реми на Парагвај и Австралија, Турција си замина дома со победа над домаќинот (ВИДЕО)

300

Групата Д на текониот Мундијал го доби очекуваниот епилог синоќа. Последното трето коло го донесе расплетот на табелата, и патниците во следната елиминациона фаза.

Она што се претпоставуваше дека ќе се случи на дуелот Парагвај и Австралика се случи. На обете селекции им одговараше реми, за да минат понатаму, и нормално мечот заврши 0:0. Со по четири бода Австралија е втора, Парагвај трет, а Турција си оди дома.

Убедливо најздодевниот меч во досегашниот дел од Мундијалот не донесе никакво возбудување. Селекциите чекаа да заврши мечот, за да и официјално се пласираат во елиминационата фаза, што е и случи.

Турција ја победи Америка, па си замина дома

Од друга страна пак, САД веќе го имаше освоено првото место во груапата со двете победи од првите две кола. Па во дуелот со Турција влезе растеретено и без резултатски притисок. Тоа Турција, која ама апсолутно разочара на овој турнир, и си оди дома го искористи и победи со 3:2.

Трасти реалисираше за САД  во третата минута, за да Арда израмни во десеттата. Бурак Јилмаз до полувреме носи 2:1, А Берхалтер во 49. прави 2:2. Победничкиот гол за Турција го постигна Кан Ајхан во осмата минута од продолжението на мечот.

САД со освоеното прво место во елиминациите оди на Босна.

 

 

 

 

 

 

 

 

ПретходноХоландија ја освои групата Ф, Јапонија во елиминациите оди на Бразил
СледноЗамена за Љатифи! Креизиу во Шкендија – најскап играч во Македонија