Коди Гакпо и неговата сопруга го загубија синот

482

Трагедија во семејството на репрезентативецот на Холандија, Коди Гакпо. Тој и неговата сопруга, Ноа ван дер Беј го загубија синот за време на бременоста, и тоа двојката го сподели преку социјалните мрежи.

„Со скршени срца ја споделуваме потресната вест дека нашиот син почина за време на бременоста. Ви благодариме за вашата поддршка. Елија Рафаел Гакпо. Засекогаш сакан. Засекогаш наш син“ – стои во објавата.

Двојката е заедно од 2020 година и е еден од најдобрите примери на семејство кое е славно и мета на јавноста но секогаш на највисоко ниво со однесувањето.

 

ПретходноТиквеш оди на подготовки во Турција
СледноАсистенцијата на Никола Митревски во ТОП 3 додавањата во Лигата на Шампионите (ВИДЕО)