Според информациите од инсајдерите Марк Штајн и Џејк Фишер, ѕвездата на Денвер, Никола Јокиќ, може повторно да го одложи потпишувањето на новиот договорот.
Ова лето, Јокиќ повторно има право на продолжување на договорот. Тој може да го одложи и да потпише нов договор подоцна оваа сезона или следното лето. Јокиќ, исто така, има опција за играч за сезоната 2027/28, и во тој момент би можел повторно да потпише со Нагетси.
И играчот и клубот постојано ја искажуваа својата желба Јокиќ да ја помине целата своја кариера во тимот од Колорадо.
31-годишниот Србин има право да потпише тригодишно продолжување на договорот во вредност од 215 милиони долари (доколку ја искористи опцијата за играч за сезоната 2027/28). Доколку ја одбие опцијата таа сезона, ќе има право да потпише четиригодишно продолжување на договорот во вредност од 280 милиони долари.










