Одигра 10 минути на ова Светско, ама потроши околу 1 милион долари

307
фото: Sudanalytics (X)

Бразилскиот напаѓач Нејмар купил часовник вреден 880.000 евра за време на слободниот ден на Светското првенство во 2026 година. 34-годишниот напаѓач лично ја посети продавницата за накит „Џејкоб енд Компани“ во Њујорк, каде што го купи новиот модел, објави „А Бола“.

Шопингот бил снимен и објавен на социјалните мрежи од страна на брендот.

Нејмар е познат по својата колекција луксузни часовници, проценета на неколку милиони евра. Некои парчиња во неговата колекција надминуваат 2 милиони евра.

Бразилската репрезентација ќе продолжи да учествува на Светското првенство во 2026 година. Екипата на Нејмар следниот натпревар ќе го игра против Јапонија.

Претходно„Генералка“ на Силекс против Балкани во Скопје
СледноОгура е победник на трката во Холандија